Реал Мадрид одамна ја загуби трката за шампионската титула во Шпанија, доживеа елиминација и во Купот, и единствена шанса за спас на сезоната е да се одбрани трофејот во Лигата на шампионите. Од тоа веројатно зависи и судбината на тренерот Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“.
Но, и во случај на разделба, претседателот Флорентино Перез и раководството на клубот имаат свој „пик“. Тоа е Јирген Клоп, менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул. Под негова палка „црвените“ играат атрактивен, офанзивен фудбал, а тоа отсекогаш го посакувале и гледачите кои доаѓаат на „Сантијаго Бернабеу“. Германецот е под договор со Ливерпул, но ако Реал Мадрид сериозно „загризе“ за Клоп, тогаш веројатно и ќе ја исполни својата цел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА