Ако триумфира на УС Опен, Ѓоковиќ ќе биде повторно број еден по заработка од турнири

Ако победи вечерва во финалето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ќе си ја поврати позицијата на најголем заработувач од турнирски настапи. Во пресрет на гранслемот во Њујорк, Федерер беше лидер на оваа листа, но со многу мала разлика пред српскиот тенисер. Со оглед дека Швајцарецот испадна уште во осминафиналето, а Ѓоковиќ е пред освојување на голем паричен бонус затоа што е финалист, извесно е дека тој ќе биде на врвот на престижната листа.

Федерер има многу повеќе титули од Ѓоковиќ, тој има рекордни 20 гренслем трофеи, а Србинот има седум помалку. Вкупно Федерер досега има 97 АТП титули, додека Ѓоковиќ е на 70.

Заработката на Федерер досега е 90,1 милион фунти, додека на Ѓоковиќ е 89,2 милиони фунти, ова е без наградите од УС Опен.

Објаснувањето за тоа како е можен ваквиот диспаритет меѓу освоените титули и парите освоени на терен е сепак многу едноставно. Трофеите на Ѓоковиќ се осовени во последната деценија, период во кој наградните фондови на турнирите се драстично зголемени.

Новак Ѓоковиќ вечерва се среќава со Хуан-Мартин Дел Потро во битка за титулата на УС Опен.

 

 

 

Се вчитува...