„Ако ВАДА си ја врши својата задача Ѓоковиќ треба да биде суспендиран“

Новак Ѓоковиќ и соиграчите од српската Дејвис Куп репрезентација одбија анти-допинг тест пред четвртфиналната средба против Велика Британија, но се тестираа по завршувањето на мечот.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ јавно ги критикуваше методите на ВАДА, а сега наиде на самиот на критика. Истата ја упати поранешниот француски велосипедист Марк Мадиот според кој Србинот мора да биде казнет.

„Имаат право на контрола и пред и по натпреварувањата. Ако ВАДА си ја врши својата задача Ѓоковиќ треба да биде суспендиран. Одби тест пред натпреварување, го направи подоцна. Во велосипедизмот ако одбиеш тест, тој е позитивен, така е тоа. И тогаш сте казнети. Немате право на одбивање на тест, тоа е правилото“, изјави Мадиот кој потоа и објасни подетално:

„Во асортманот на допинг производи има супстанци кои се детектираат во многу ограничено време. Доколку не се тестирате пред почеток на натпреварување, во текот на натпреварувањето може да дојде до отстранување на трагите на тие супстанци. Затоа е направено тестирање пред мечот. Не смее да биде само опоменат“

Се вчитува...