Аксел Лунд Свиндал боледува од рак на тестиси

На норвешкиот скијач и двократен олимписки шампион Аксел Лунд Свиндал му е дијагностициран рак на тестисите.

Свиндал, кој се пензионираше во 2019 година, имаше среќа што болеста му беше откриена во рана фаза, па операцијата е веќе најавена и прогнозата е позитивна.

„Последните неколку недели беа сосема поинакви. Но, добрата работа е што можам да кажам недели, а не месеци, благодарение на одличната медицинска помош. Многу сум благодарен на норвешкото здравство. Почувствував промена во моето тело. Не бев сигурен за што се работи. Но, решив да проверам. Отидов на лекар, набрзо бев префрлен во болница каде се потврдија моите сомнежи. Ми беше дијагностициран рак. Тестовите, скенирањата и операцијата беа направени многу брзо. Веќе по првата недела прогнозите беа добри. Сето тоа благодарение на одлуката да одам на лекар“, напиша Свиндал на социјалните мрежи.

Покрај две олимписки злата, Свиндал има дури девет медали од Светските првенства, како и два големи кристални глобуси во Светскиот куп.

Се вчитува...