Дербито на Истокот меѓу традиционално лутите ривали Брегалница и Тиквеш заврши без многу возбудувања, со нула голови и поделба на бодовите.
Извонредниот амбиент на Градскиот стадион во Штип, создаден пред се од „Фалангата“ и штипските навивачи, како и одличните услови за игра не беа доволни за целосно квалитетна претстава на дуелот меѓу Брегалница и Тиквеш.
Остана нешто да се запамети единствено од второто полувреме кое донесе неколку можности на двете страни, но и тоа се чини премалку за вистински прволигашки дуел. На крајот, сепак, „Фалангата“ уште еднаш максимално ги поздрави своите миленици кои оваа пролет не знаат за пораз… Сето тоа како мотив повеќе за следните предизвици на Горан Здравков и „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА