Активен ден на Јуве: Пелегрини претставен, Рабио на прегледи, се чека Де Лихт

Почетокот на новиот месец донесе и нови радости за навивачите на Јувентус откако актуелниот италијански првак дополнително го засили својот играчки кадар.

Лука Пелегрини утрово беше и официјално претставен како нов фудбалер на „црно-белите“ од Торино. Дефанзивецот пристигнува од редовите на Рома во размена за Спинацола, тој ги мина лекарските прегледи и потпиша договор до јуни 2023 година.

Воедно, Адриен Рабио ги почна деталните лекарски прегледи за да го комплетира трансферот од ПСЖ. Фудбалерот за врска стигнува како слободен играч по истекот на договорот со „светците“ од Париз.

Кулминација на денот за фановите на „старата дама“ се очекува да биде официјализацијата на трансферот на Матијс де Лихт. Италијанскиот шампион најави дека денеска ќе „комплетира трансфер од 70 милиони евра“, а со оглед на напредните преговори со капитенот на Ајакс јасно е зошто сите прогнози велат дека Де Лихт денеска ќе го оствари трансферот од соништата, ставајќи крај на уште една сага што траеше неколку месеци.

Се вчитува...