Активиран посебен ФИФА протокол на Светското првенство, Рудигер пријави расизам!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер на крајот на натпреварот против мексиканскиот клуб Пачука на ФИФА Светското клупско првенство пријави раситички навреди од страна на противничкиот фудбалер Густаво Кабрал по што е ативиран посебен протокол.

Со сигнализација на вкрстени раце на градите, судијата Рамон Абате Абе им сигнализираше на четвртиот судија и делегатот прекршок за најстрога казна по што ќе следи дополнителна истрага на ФИФА. Тоа го потврди и новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

„Му веруваме на Рудигер и го поддржуваме во оваа ситјација. Таквото однесување е неприфатливо“, кратко изјави Алонсо.

Се вчитува...