Активирана клаузулата: Линделоф не мрда од Манчестер јунајтед

Виктор Линделоф ќе продолжи да ги брани боите на Манчестер Јунајтед и по завршувањето на оваа сезона, откако „црвените ѓаволи“ решија да ја активирааат клаузулата за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Актуелниот договор истекуваше во јуни 2024 година, но челниците на Јунајтед решија да го задржат шведскиот дефанзивец уште една година, откако тој се истакна како еден од најстабилните дефанзивци во тимот на „црвените ѓаволи“ оваа сезона.

Линделоф е член на Јунајтед уште од 2017 година, кога пристигна од Бенфика за сума од 35 милиони евра. Тој досега има 249 настапи во дресот на англсикиот гигант, притоа постигнувајќи и четири погодоци.

„Црвените ѓаволи“ имаат слична опција и во случајот со Рафаел Варан, но многу поизвесно е дека нема да ја активираат оваа клаузула, туку во јануари ќе го продадат искусниот француски дефанзивец.

Се вчитува...