Активисти бараат од Норвешка да го бојкотира мечот со Израел

Норвешкиот јавен сервис НРК објави дека постои можност репрезентацијата на скандинавското кралство да ги бојкотира натпреварите против Израел во првата група од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

„Некои работи се поважни во животот, а тоа се човечките животи. Фудбалот не може да биде неутрален кога страдаат невини деца. Веруваме дека оваа репрезентација има историска шанса да покаже солидарност и да застане на вистинската страна на историјата“, изјави Рами Самандар, пропалестински активист во Норвешка.

На тренерот Столе Солбакен му е јасно дека се соочува со тешка дилема поради притисокот на јавноста.

„Потполно сум свесен дека на оваа тема ќе се зборува многу. За среќа, имаме силно политичко раководство во Фудбалскиот сојуз на Норвешка, па очекувам претседателката Лисе Клавес да го претставува ФСН по ова прашање“, изјави 56-годишниот стратег на НРК.

Се вчитува...