Активно е и во Кожув: Главчев и Колев остануваат, доаѓаат три нови засилувања

Македонските кошаркарски прволигаши веќе земаат залет за комплетирање на ростерите за наредната сезона, откако првиот дел од летото мина во неочекувана пасивност од речиси сите клубови.

Активно е и во таборот на КК Кожув, каде најпрвин беше постигнат договор со македонскиот селектор Алек Јончевски да остане на клупата и за наредната сезона, по што прволигашот од Гевгелија работи активно на засилување на играчкиот кадар.

Во однос на ростерот од ланската сезона веќе е договорено да останат Горан Главчев и Илија Колев, двајцата домашни играчи од Гевгелија кои ќе бидат адути на Јончевски и во новиот шампионат. Покрај нив, начелно се договорени уште три нови играчи со кои наскоро и официјално ќе бидат потпишани договори. Пандев ќе биде од помош во рекетот по трансферот од редовите на МЗТ Скопје, а од таборот на „металците“ пристигнува и Митевски, кој ги надмина проблемите со повредата и ќе му биде на располагање на Јончевски.

Покрај овие двајца кошаркари, во Кожув се враќа и Димитар Караџовски, искусниот плејмејкер кој си замина од Пелистер и од неколкуте понуди ја избра онаа на гевгелискиот прволигаш.

Се вчитува...