Активности за развивање на свеста за значењето на едрењето како единствен начин за заштита на Охридското езеро!

Едриличарската федерација на Македонија, од месец мај оваа година, започна со спроведување на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото”, финансиран од Делегацијата на Европската унија во Македонија.

Ворамките на овој проект веќе се во тек предвидените едукациски настани, отворен час во основните и средни училишта, на тема запознавање со едрењето и едрилицата како пловен објект.

Главниот настан е закажан за 21. јуни, на денот на Охридското езеро. Во рамките на настанот ќе има и флотила, во текот на целиот ден, која ќе има за цел, колку што е можно повеќе лица да ја почувствуваат магијата на едрењето. Еден ден претходно, на 20. јуни, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Важноста на еколошките пловни објекти зо заштитата на езерото“.

Активно во проектот е вклучен едриличарскиот клуб од Охрид, Акватика јахтинг, па проф. Елена Аслимоска со едриличари и една мала едрилица од класата „Оптимист“, низ актуелниот период ги посетива основните училишта од 1 до 5 одделение во Охрид, каде децата ќе се запознаат со едриличарството како спорт и со можноста за запишување во школата за едрење на Акватика јахтинг.

Се вчитува...