Олимпија Милано e освојувач на бронзата во Евролигата, откако во битката за третото место славеше со 83-73 против актуелниот шампион ЦСКА Москва.
Во „Ланксес Арената“ во Келн, и покрај тоа што беа фаворити Русите потфрлија. Милано имаше предност на полувремето, а потоа истата само рутински ја одржуваше за конечна победа.
Мицов и Родригез со по 14 поени беа најпрецизни кај победниците, а кај ЦСКА Москва прв стрелец беше Шенгеља со 18 поени.
Во големото финале од 20:30 часот ќе се соочат Барселона и Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА