Изминатиов викенд во Струга, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федерација на Македонија, а во организација на Едриличарскиот клуб „Снегар“ се одржа „Летната регата 2022“.
Регатата се одржа според (World sailing) Регатните правила 2021 – 2024, а учествуваа 12 натпреварувачи во класата Оптимист и шест натпреварувачи во класата Ласер 4.7.
Со најголем број одликувања, во двете класи, регатата ја заврши Едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“ од Охрид со девет освоени медали, од кои три златни, додека Едриличарскиот клуб „Снегар“, на крајот заврши со шест освоени медали, од кои две златни.
РЕЗУЛТАТИ – КЛАСА ОПТИМИСТ
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Гала Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Андреја Кавај (Снегар – Струга)
3. Марко Милески (Снегар – Струга)
ЖЕНСКИ
1. Гала Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Андреја Кавај (Снегар – Струга)
3. Мила Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
МАШКИ
1. Марко Милески (Снегар – Струга)
2. Стефан Баракоски (Акватика Јахтинг – Охрид)
3. Павел Стоев (Акватика Јахтинг – Охрид)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ДО 12 ГОДИНИ
1. Гала Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Марко Милески (Снегар – Струга)
3. Стефан Баракоски (Акватика Јахтинг – Охрид)
КЛАСА ЛАСЕР 4.7 – ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Мерт Лушо (ЕК Снегар – Струга)
2. Јана Неданоска (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид)
3. Илина Гаџовска (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

