Тренерот на Ал Ахли Матиас Џејсл, донел одлука околу иднината на македонскиот репрезентативец Езјан Алиоски. На левиот бек кому договорот му истекува ова лето, ќе си замине како слободен агент од тимот.
Во последната сезона, Ал Ахли не сметаше на неговите услуги, и не го пријави за настап во првенството на Саудиска Арабија, по што цела сезона Алиоски играше само пријателски натпревари. Се чинеше дека пво пролетниот дел ќе добие шанса, со оглед дека Ал Ахли не го пушти да направи трансфер во Трабзонспор, но тоа не се случи, па Алиоски остана во немилост цели девет месеци.
Сега Џејсл донел одлука дека Алиоски може да си замине, односно нема повеќе иднина за него во Ал Ахли, каде дојде на голема врата, од Лидс Јунајтед. Една полусезона мина како позајмен во Фенербахче, по што се врати во Ал Ахли, но остана без одигран меч цела сезона.
Ezgjan Alioski will leave Al Ahli. It’s over. Decision was partly made by Matthias Jaissle. pic.twitter.com/gDKsxxAlad
— Haitam el Imani (@haitamelimaniEN) May 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

