Ал Ахли го освои третото место на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на египетскиот Ал Ахли го освоија третото место на Светското клупско првенство, откако вечерва во малото финале кое се играше во Џеда славеа над јапонската Урава со 2-4.

Ал Ахли поведе со 0-1 со погодокот на Јасер Ибрахим во 19. минута од мечот. Само шест минути подоцна беше 0-2 откако стрелаше Тау. До крајот на првиот дел Јапонците намалија на 1-2 преку Канте во 43. минута.

Урава целосно се врати во мечот (2-2) со погодокот на Шолц од пенал во 54. минута. До ново водство Ал Ахли стигна со автоголот на Малоуи во 60. минута. До крајот Египќаните прво во 75. минута преку Малоуи промашија пенал, но со прекрасен гол од слободен удар во 99. минута ги постигна конечните 2-4.

Urawa Reds 2 – [3] Al Ahly – Ali Maaloul 61'
by insoccer

 

Се вчитува...