Ал Ахли ќе го предизвика Палмеирас во полуфиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Ал Ахли ќе биде противникот на освојувачот на Копа Либертадорес, бразилскиот Палмеирас во полуфиналето на Светското клупско првенство. Шампионот на Африка во четвртфиналето вечерва славеше над шампионот на Средна Америка, мексиканскиот Монтереј со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 54. минута кога Хани донесе победа за африканскиот шампион. Во второто полуфинале европскиот шампион Челси го чека подобриот од дуелот меѓу азискиот шампион Ал Хилал и тимот на Ал Џазира.

Се вчитува...