Ал Ахли му дава на Мурињо 30 милиони годишно, ќе биде ли доволно за „специјалниот“?

Еден од најдобрите тренери на денешницата Жозе Мурињо, е на „мета“ на Ал-Ахли  од Саудиска Арабија. Според најавите, овој тим му нуди на Португалецот 30 милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми, сепак, откриваат дека Мурињо и покрај добрата понуда, ќе остане во Рим и ќе ја води екипата на Рома и наредната сезона.

Португалскиот стручњак е „врзан“ со договор со Рома до 2024 година. Имаше шпекулации дека би можел да се врати во Реал Мадрид или да го презеде ПСЖ, па дури беше поврзуван и со Интер, но веројатно и идната сезона ќе го води тимот од Рим.

Во минатото Мурињо беше тренер на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Се вчитува...