Екипата на Ал Аин од ОАЕ е првиот финалист во азиската Лига на шампиони. Овој тим денеска загуби на гостувањето кај Ал Хилал од Саудиска Арабија, но благодарение на убедливиот триумф од 4-2 на првиот меч, оди во финалниот меч.
Ал-Хилал денеска без Александар Митровиќ, стигна до победа од 2-1, меѓутоа не беше доволна за пласман во финалето. Рубен Невеш од пенал уште во 4. минута ја навести победата, но во 12. минута Ерик израмни.
Долго време се мачеше Ал-Хилал да дојде до нова предност, а тоа им успеа дури во 51. минута преку Ал Давсари. Имаше време тимот од Саудиска Арабија да дојде и до трет гол и да го стигне резултатот од првиот меч, но не успеа во тоа, па така Ал Аин предводен од легендарниот Хернан Креспо ќе се бори за големиот пехар.
Во финалето Ал Аин ќе игра со подобриот од дуелот Улсан – Јокохама. По првиот меч Улсам има предност од 1-0 која ќе ја брани на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА