Ал Атијах на Тојота е победник на втората етапа на релито Дакар. Етапата во должина од 685 километри која се возеше од Биша до Вади Ад Давасир, Катарецот ја помина со време од 4:03:14 часа.
Второто место му припадна на Стефан Петерхансел на Мини кој доцнеше 2:35 минути зад времето на победникот, додека третото место му припадна на Карлос Сајнц исто така на Мини. Со второто место Петерхансел го презеде врвот во генералниот пласман од Карлос Сајнц кој сега е втор со заостанување од 6:37 минути зад Французинот. Третопласиран во моментов е денешниот победник Насер Ал Атијах.
Кај мотоциклистите триумфираше Шпанецот, Жоан Бареда Борт на Хонда, пред Рики Брабек исто така на Хонда и Фабио Квинтаниља. Со победата Бареда Борт го презеде лидерското место во генералниот пласман пред Брабек и Бранч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА