Катарскиот шампион, Насер Ал-Атијах триумфираше на првата трка од релито Дакар, откако ги надмина механичките проблеми од трката. Натпреварувачката етапа е долга 454 километри, од Асунсион (Парагвај) до аргентинскиот град Резистенсија, а за почетното време беа мерени 39 километри.
Тој постави најдобро време со неговиот автомобил, кој се запали и доби помош од неговиот тимски колега, Жинел де Вилиер, да стигне до целта. Насер стигна на целта за 25 минути и 41 секунда. На второто место беше Чеви Понс, додека пак на третата позиција заврши Нани Рома, а Карлос Саинц од се стационира на четвртата позиција.
Во мотоциклистичката конкуренција, минатогодишниот шампион, Тоби Прајс ја заврши трката на 17-та позиција, со 1:25 секунди заостаток зад водечките, Ксавиер де Султре, Хуан Педреро и членовите на Хонда, Бребек, Метге и Гонсалвес.
Првиот натпреварувачки ден донесе и први повреди, па така Полјакот Јакуб Пјатек заработи сркшеница на зглобот на раката, додека пак Швајцарецот Марко Филипини ја скрши раката на стартот од оваа суперинтересна трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА