Ал Хилал го купува и Митровиќ

Ал Хилал по доведувањето на Нејмар сака да го купи и српскиот напаѓач Александар Митровиќ. Саудискиот клуб минатата недела испрати понуди вредна околу 35 милиони фунти која веднаш беше одбиена од Фулам.

Овој пат понудата ќе надмине 50 милиони, додека потенцијалната плата на Митровиќ во Арабија би била три пати поголема од онаа што ја има во Фулам (120 илјади фунти).

„Митрогол“ првиот натпревар на Фулам во новата сезона против Евертон (1-0) го започна од клупата и на тој меч се здоби со повреда на зглобот.

Тој го напушти стадионот користејќи патерици, но деталните прегледи покажаа дека повредата не е од сериозна природа.

Најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација е член на клубот од „Крејвен Котиџ“ од 2018 година, кога пристигна од Њукасл за нешто помалку од 25 милиони евра.

Се вчитува...