Ал-Хилал ќе го предизвика Челси во полуфиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Азискиот шампион Ал-Хилал е последниот патник во полуфиналето на Светското клупско фудбалско натпреварување. Тимот од Саудиска Арабија без проблеми славеше во четвртфиналето против Ал-Џазира со убедливи 6-1.

Сепак, гостите поведоа со голот на Диаби во 14. минута. Игало во 36. израмни на 1-1, додека до паузата веќе беше 2-1 со голот на Переира во 40. минута. Кано во 58. зголеми на 3-1, во 78. минута Ал Давсари донесе водство од 4-1. Марега во 88. минута го постигна петтиот гол за Ал-Хилал, додека конечните 6-1 ги постави Кариљо од пенал во 92. минута.

Во полуфиналето Ал-Хилал ќе се сретне со европскиот првак Челси, додека во второто полуфинале ќе играат Палмеирас и Ал-Ахли.

 

Се вчитува...