Ал Хилал игра сезона за паметење, овој клуб го урна светскиот рекорд за најмногу победи во низа, а челниците планираат уште повеќе да го засилат играчкиот кадар за наредната сезона да бидат уште подоминантни.
Откако во лидери се промовираа Сергеј Милинковиќ Савиќ и Александар Митровиќ, не е изненадување што Ал Хилал тргна во офанзива по трет српски репрезентативец, па на врвот на листата со желби се наоѓа Филип Костиќ. Тренерот Жезус е во потрага по офанзивен бек за левата страна, а Костиќ со квалитетите и искуството дефинитивно е играч што би му бил од помош на Ал Хилал во атакот на трофеите од наредната сезона.
Во прилог оди и фактот дека во Јувентус не се премногу импресионирани од Србинот, кој се најде на листата на играчи кои ќе бидат продадени летово. Костиќ тогаш ќе влезе во последната година од договорот со „старата дама“ што ќе се одрази и врз неговата цена, па се очекува Ал Хилал да го осигура неговиот потпис за сума меѓу 10 и 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА