Ал Хилал не се откажува од Александар Митровиќ

Ал Хилал не се откажува од намерата да го доведе српскиот репрезентативец Александар Митровиќ во неговите редови. Саудискиот клуб испратил нова понуда до Фулам со цел да направи пеколно дуо во нападот заедно со Бразилецот Нејмар.

Овој пат понудата до премиерлигашот изнесува 40 милиони евра, а Србинот ќе заработува 25 милиони евра по сезона со што ќе ја дуплира платата која ја зема во моментот, пренесуваат англиските медиуми.

Миторвиќ инсиситира на трансфер, додека Фулам се обидува да стигне до највисоката можна сума за откажување од неговите услуги. Како потсетување, последната понуда на Ал Хилал изнесуваше 35 милиони евра, понуда која беше експрено одбиена.

Според светските медиуми реализацијата на трансферот со кој Митровиќ ќе заигра рамо до рамо со репрезентативниот колега Сергеј Милинковиќ-Савиќ е прашање на време.

Се вчитува...