Ал Хилал не се откажува од желбата за потпис на Лука Модриќ

Хрватскиот фудбалски виртуоз Лука Модриќ се наоѓа на залезот на својата богата кариера. 38-годишникот и покрај тоа што навлегува во четвртата деценија од својот живот игра на врвно ниво, а престојното лето ќе биде слободен и да бира нова средина со оглед на тоа што му истекува договорот со Реал Мадрид.

Неодамна од главниот град на Шпанија протекоа информации дека Хрватот би можел да остане дел од „кралскиот клуб“ и за сезоната 2024/25, но клубовите од Саудиска Арабија се надеваат дека нема да се одлучи на продолжување на соработката.

Ал Хилал веќе му понуди 300 милиони евра на Модриќ за тригодишен договор, понуда која беше експресно одбиена, но и покрај тоа клубот од Саудиска Арабија не се откажува од желбата да го доведе во своите редови, откриваат тамошните медиуми.

Ова лето се очекува нова, побогата понуда од овој клуб кој сака да направи пеколен тим чиј дел се веќе Нејмар, Милинковиќ-Савиќ, Митровиќ, Рубен Невес, Кулибали и Боно.

Се вчитува...