Ал Хилал не запира: Нова, побогата понуда за Лео Меси

Лео Меси се врати на тренинзите на ПСЖ откако му беше укината суспензијата од страна на францускиот гигант, но и покрај тоа мали се шансите Аргентинецот да остане во дресот на „светците“ и во сезоната која следи.

Сепак останува неизвесно која ќе биде следната дестинација. Како најверојатна опција се јавува камбек во Барселона, но раководството на шпанскиот гигант се соочува со нови финансиски потешкотии кои откако го приморија да замине од клубот може да го спречат да се врати.

Барселона е единствена опција во Европа, но постои можност Аргентинецот да замине од „стариот континент“ во САД или Саудиска Арабија.

Ал Хилал го посакува легендарниот фудбалер по секоја цена, а откако беше одбиена понудата од 300 милиони евра, Саудиците испратиле нова, побогата понуда, пренесува „Калчомеркато“. Истата е со вредност од 400 милиони евра, а нуди и силен тим со тоа што ќе се придобијат неговите некогашни соиграчи Серхио Бускетс и Џорди Алба, како и сегашниот Марко Верати.

Се вчитува...