Ал Хилал оваа зима стигна до големо засилување во името на Карим Бензема, но пристигнувањето на легендарниот Французин во тимот е кобно по Дарвин Њунез.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул пристигна како големо засилување во саудискиот клуб во трансфер вреден 50 милиони евра, но не ги исполни очекувањата па до крајот на сезоната натпреварите во саудиската лига ќе ги следи од трибините.
Според правилата во ова првентво еден клуб може да регистрира само осум странски фудбалери родени по 2003 година па за Њунез повеќе нема место во составот.
Тој и понатаму ќе може да настапува во азиската Лига на Шампиони, но очекувањата се дека и таму неговата минутажа ќе биде ограничена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

