Ал Хилал тргнува по потписот на Бруно Фернандеш

Ал Хилал ја насочи главната цел за следниот преоден рок, а тоа е капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Фернандеш е несомнено најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона и големо прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе стигнеа до финалето на Лига Европа да не беше тој. Тој претставува вистински лидер на теренот и би било вистинска штета Јунајтед да го загуби.

И покрај тоа, Ал Хилал покажа интерес, и тоа голем, а се знае што нудат саудиските клубови, многу пари.

Клубовите се уште немаат остварено никаков контакт, па реализацијата на овој трансфер е се уште далеку, сепак прашање е какви се желбите на Фернандеш. Јасни се желбите на англискиот клуб и Рубен Аморим. Тие го гледаат Бруно Фернандеш како клучен играч и сакаат да го задржат.

Бруно има договор со Јунајтед до 2027 година, па Хилал би морал да плати отштета за португалскиот играч за врска.

Се вчитува...