Александар Митровиќ, Нејмар и соиграчите наскоро би можеле да бидат посилни за уште еден играч кој Европа ќе ја замени со првенството на Саудиска Арабија. Како што објави добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, Ал Хилал е заинтересиран за играчот на Олимпик Марсеј, Ренан Лоди.
Преговорите меѓу двата клуба се во тек и ќе продолжат, а се работи за понуда од 20 милиони евра. Инаку, Џенаро Гатузо се обидува да го осигура доаѓањето на новиот бек, 22-годишниот Џош Доиг, како би дозволил заминување на Лоди од тимот.
Преговорите со играчот на Верона се во завршна фаза и се верува дека ќе потпише договор на четири години. Олимпик ќе треба да им плати отштета од пет милиони евра на Италијанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА