По неуспешните преговори за ангажман на Мохамед Салах, Ал Итихад има нова трансфер цел од Премиерлигата. Станува збор за бразислкиот напаѓач од редовите на Тотенхем, Ричарлисон.
За неговите услуги тимот од Саудиска Арабија е подготвен да издвои 100 милиони евра, а со оглед на тоа што „Трансфермаркет“ го вреднува 26-годишникот на 40 милиони евра, двојно поголема заработка би го убедила лондонскиот тим за „зелено светло“ за трансферот.
Ричарлисон е дел од Тотенхем од 2022 година каде пристигна по одличните настапи за Евертон. Оваа сезона настапи на 22 натпревари и веќе ја надмина двоцифрената граница на постигнати голови во Премиерлигата со 10 зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА