Ал Итихад со пресврт до пласман во 1/4 финалето на азиската ЛШ

Екипата на Ал-Итихад во која настапуваат познатите ѕвезди Бензема, Канте и Фабињо, со пресврт го совлада тимот на Навбахор од Узбекистан, и се пласираше во 1/4 финалето на азиската Лига на шампиони.

Саудискиот клуб имаше големи проблеми, затоа што противникот водеше со автогол на Бензема во 25. минута.

Меѓутоа во шестата минута од судиското надополнување од првиот дел, Бензема се „извади“ со асистенција до Хамдалах кој израмни. 

Во второто полувреме Бензема постигна гол, но беше поништен поради офсајд, а потоа во 87. минута автогол на Табатадзе ги однесе Саудијците во следната фаза.

Се вчитува...