Првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи, на промоцијата на новиот тренер Луис Енрике повторно говореше и за статусот на Килијан Мбапе и иднината на најдобриот француски фудбалер во овој клуб.
Мбапе сака да остане во клубот до истекот на договорот и веќе најавил дека не планира да потпише нов договор со ПСЖ, со што само ги разлути челниците на францускиот гигант кои му платија богатство за потпис минатото лето. Ставот на Ал Келаифи е јасен – нема шанси Мбапе да си замине следното лето како слободен играч, па голгетерот ќе мора да бира, дали да си оди летово, или да потпише нов договор со „светците“ од Париз.
„Нашиот став како клуб е јасен и денеска пак ќе го повторам – нема шанси Килијан Мбапе да си замине како слободен играч во 2024 година. Не сме луди, да го имаме најдобриот фудбалер во светот и да дозволиме тој да си замине од клубот без никаква отштета. Тоа веќе му е соопштено и на Килијам, или ќе потпише нов договор со ПСЖ или ќе биде продаден летово. Трета опција воопшто не постои. Тој кажа дека не сака да си замине од клубот без отштета, не знам дали во меѓувреме го сменил својот став, но ние дефинитивно остануваме на она што го поставивме како клупска политика“, изјави Ал Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА