ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на Шампионите каде за противник ќе го има Интер. Со оглед на фанатичката поддршка, италијанскиот тим се очекува да има предност кога станува збор за гласноста на публиката, но најмалку 600 грла со сигурност ќе бидат ветер в грб на парижани.
Оваа бројка не случајна, станува збор за сите вработени во фудбалскиот клуб ПСЖ бидејќи сите ќе бидат наградени од претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи со билет за натпреварот на 31. мај.
Богатиот газда им се заблагодарил на вработените за придонесот за успешната кариера со интерна порака.
„ПСЖ е една фамилија. Го претставуваме Париз и Франција со гордост, а благодарение на вашиот труд и професионалност сите ќе имате шанса да бидете со нашиот тим во финалето. Ви благодарам за посветеноста и страста“, им порачал Ал-Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

