Пари Сен Жермен имаше огромни амбиции во Лигата на шампионите оваа сезона, но на крајот својот пат го заврши во осминафиналето. Со два порази од Реал Мадрид, „светците“ ќе мора да ја чекаат другата сезона за нешто повеќе во Европа. Без повредениот Нејмар, ПСЖ во ниту еден момент не го загрози пласманот на „кралевите“ во следната рунда, а тоа го збесна претседателот, Насер Ал Келаифи.
„Бесен сум, навистина сум бесен. Дали ќе правиме промени во тимот? Не знам, ќе мора да ги оладиме главите. Во овој момент, можам да кажам дека сме разочарани од резултатот, но и од играта на одредени фудбалери. Со еден гол во првото полувреме се ќе беше поинаку, а по црвениот картон на Верати немавме веќе реални шанси. Но, тие се Реал Мадрид, имаат многу поголемо искуство од нас. Ние ќе го продолжиме прокетот и се надеваме дека ќе имаме подобри резултати во наредниот период“, изјави Ал Келаифи по елиминацијата на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА