Голема е веројатноста дека египетскиот репрезентативец Мо Салах по крајот на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ и ќе започне ново поглавје во својата кариера. Неговиот договор со „црвените“ истекува во јуни, а засега не се водат никакви преговори за продолжување на соработката.
Француските медиуим пренесоа информација дека неговиот следен клуб би можел да биде ПСЖ, но претседателот на клубот од Париз, Насер Ал Келаифи ги отфрли гласините велејќи дека искусниот фудбалер не е во фокусот на неговиот клуб.
„Салах е фантастичен играч, но искрено ние не сме ни размислиле за него. Секој клуб во своите редови би сакал да доведе таков поединец, но овие гласини не се вистинити“, изјави првиот човек на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА