Бразилскиот интернационалец Нејмар до крајот на оваа седмица ќе замине на операција на десното стапало, за да ја санира скршеницата на петтата метатарзална коска што ја заработи на првенствениот натпревар против Олимпик Марсеј изминатиот викенд. Како што истакнува претседателот на клубот, Насер Ал – Келаифи, одлуката е донесена во консултација со сите заинтересирани страни, и во моментот е најдобрата за здравјето на Нејмар. Докторските проценки се дека ќе паузира околу три месеци, а тоа значи дека ќе биде во трка и за настап на Светското првенство во Русија.
„Ова дефинитивно не го посакувавме, повреда на нашиот најдобар фудбалер Нејмар. Но, во консултација со сите заинтересирани страни, ПСЖ, фудбалската репрезентација на Бразил и секако фудбалерот, донесена е одлука за хируршки зафат кој ќе се изврши во Бразил. Клубот му изразува комплетна поддршка на Нејмар, а соиграчите ветија дека и без него ќе се обидат да го елиминираат Реал Мадрид во мечот на сезоната што ни претстои во Лигата на шампионите“, изјави Насер Ал – Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА