Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи изјави дека бразилскиот интернационалец Нејмар, секогаш ќе биде дел од историјата на клубот.
Нејмар вчера официјално го напушти тимот на ПСЖ и се пресели во Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Тој е најскапо платениот играч, откако тимот од Париз во 2017 година плати за неговите услуги 222 милиони евра.
„Секогаш е тешко да се каже збогум на одличен фудбалер како што е Нејмар, еден од најдобрите играчи на светот. Никогаш нема да го заборавам денот кога дојде во ПСЖ и придонесе во нашиот проект во последните шест години. Имавме одлични моменти, тој засекогаш ќе биде дел од нашата историја. Сакам да му се заблагодарам нему и на неговото семејство. Му посакувам се најдобро во иднина и во неговата следна авантура“, рече Ал-Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА