Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи изјави дека стратегијата на клубот ќе се промени, по заминувањето на Килијан Мбапе целосно бесплатно во Реал Мадрид.
И покрај убедувањата од старна на ПСЖ, сепак, Мбапе на крајот замина во Реал Мадрид. Тој изрази почит кон него, но и кон Меси и Нејмар.
„Ова е нова ера. Целата моја почит кон Меси, Нејмар и Мбапе. Знаеме што направија за клубот. За нас беше важно да ги имаме во клубот. Им посакувам се најдобро во новите предизвици, но наша ѕвезда во иднина ќе биде тимот“, изјави Ал-Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА