Ал Наср доби нова забрана од ФИФА за трансфери

Саудискиот клуб Ал Наср доби нова забрана од ФИФА за реализирање на трансфер и тоа во пресрет на зимскиот преоден рок. На сајтот на Светската куќата на фудбалот не се наведува точното времетраење на забраната што предизвикува голем проблем во амбициите за вториот дел од сезоната.

Ова не е прв пат Ал Наср да се соочи со овој проблем. Првиот пат Саудиците добија забрана во 2023 година по спектакуларниот трансфер на Кристијано Роналдо.

Тогаш забраната се однесуваше на неисплатен бонус кон Лестер за ангажман на фудбалерот Ахмед Муса во 2018 година од само 300 илјади евра.

Се вчитува...