Ал-Наср го „мами“ дефанзивецот на Арсенал со тројно поголема плата

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалхаес може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. За неговите услуги интерес покажува Ал-Наср, а саудискиот клуб планира да испрати понуда на крајот на сезоната, а веќе имал контакт со самиот играч. 

Саудискиот клуб е подготвен да му понуди плата од 20 милиони евра по сезона, што е трипати повеќе од сегашната негова во Арсенал, што би требало да биде доволно за да ја прифати понудата.

Арсенал, пак, планира да бара цели 100 милиони евра за неговите услуги, а од друга страна новиот спортски директор Андреа Берта ќе се обиде да го убеди играчот да го продолжи договорот.

Самиот фудбалер е фокусиран на завршување на сезоната, но е отворен за трансфер во Саудиска Арабија.

Се вчитува...