Саудискиот Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо претрпе елиминација во осминафиналето од Азиската лига на шампиони од страна на Ал Аин.
Клубот од Обединетите Арапски Емирати на гостувањето во Ријад бранеше предност од еден гол и успеа да ја задржи до крајот на регуларниот дел кој заврши со резултат 3-2. Во него Роналдо промаши неверојатна шанса, но во продолжението со реализација од белата точка го врати својот тим во предност.
Во пенал рулетот во првите две серии промашија Брозовиќ и Телес, Роналдо накратко ги врати надежите, но потоа Отавио не реализираше, а тројцата фудбалери на Ал Аин беа прецизни во своите удари.
Ronaldo teammates letting him down once again pic.twitter.com/g8mzwkqDcf
— Janty (@CFC_Janty) March 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

