Ал Наср избра партнер во нападот за Роналдо, извиси Бонифејс од Баер Леверкузен

Ал Наср конечно доведе нов врвен напаѓач во тимот што ќе му прави друштво на Кристијано Роналдо, откако тимот од Саудиска Арабија го продаде Талиска во Фенербахче и веднаш тргна во офанзива за потпис на нов голгетер.

Челниците на Ал Наср во последните денови ги договорија деталите за транфер на двајца напаѓачи, Џон Дуран од Астон Вила и Витор Бонифејс од Баер Леверкузен, но веднаш беше ставено до знаење дека ќе може да се реализира само еден од овие два трансфера. По долго размислување, беше донесена конечна одлука – Дуран е фудбалерот што ќе се пресели во Саудиска Арабија откако младиот Колумбиец ги договори личните услови за трансферот во Ал Наср.

Дуран постигна 12 гола од стартот на сезонава во дресот на Астон Вила, но не можеше да се избори за првотимски статус крај Оли Воткинс. За неговите услуги се интересираше и ПСЖ како и неколку клубови од Премиер-лигата, но ниту еден од нив не понуди повеќе од 50 милиони евра.

За разлика од нив, Ал Наср испрати понуда од загарантирани 75 милиони евра плус клаузули што Астон Вила ја прифати, давајќи зелено светло за Дуран да се пресели на „Вила Парк“.

Англиските медиуми најавуваат дека Унаи Емери сигурно ќе донесе нов квалитетен напаѓач на местото на Колумбиецот, а на врвот на листата со желби се наоѓа Куња од Вулверхемптон.

Се вчитува...