Ал Наср не сака да патува во Иран

Ал-Наср не сака да патува во Иран на натпреварот со Естеглал од Лигата на шампионите на Азија, пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија. Според нивните сознанија, клубот стравува за нивната безбедност поради тензичната ситуација на Блискиот Исток.

Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал е закажан за 22. октомври во Техеран. Саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо е на четвртото место на табелата на Западната конференција со четири бода по две кола. Иранскиот тим има бод помалку.

Пред неколку дена публиката во Иран можеше да го види летот на ракети истрелани од Иран кон Израел.

Се вчитува...