Пред само неколку месеци Столе Димитриевски беше пред трансфер во Ал Наср. Се беше договорено, но на крајот Рајо и клубот од Саудиска Арабија не се договорија околу отштетата. Односно шпанскиот тим бараше многу пари, па така саудискиот клуб крена раце.
Сепак, само неколку потоа успеа да го ангажира легендарниот колумбискиот голман Давид Оспина. Оспина досега го чуваше голот на Наполи, а претходно беше дел од Арсенал.
Димитриевски исто така беше поврзуван и со трансфер во Барселона, но само доколку вториот голман Нето си заминеше. Тој и натаму одбива да си оди, па така пропадна можноста македонскиот репрезентативец да стане дел од каталонскиот гигант. Потоа призна дека бил пред договор со Барселона, но поради Нето не завршил таму. Сега како стојат работите, Димитриевски и следната сезона ќе биде дел од Рајо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА