Ал Наср стави крај на мистеријата за Кристијано Роналдо

Ал-Наср ги демантираше гласините дека нивниот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, со приватен авион заминал во Мадрид. Клубот објави дека и натаму е во Ријад, а тоа го покажуваат и снимките од денешниот тренинг на екипата.

Вистина е дека авионот на Португалецот отпатувал за Мадрид, но во него биле сопругата, децата и други членови на семејството, кои се упатиле кон Шпанија, после избувнување на конфликтот во регионот пред неколку дена.

Кристијано е повреден, и тренира одвоено од екипата, односно работи индивидуално во сала. Клубот објави дека станува збор за истегнување, но не прецизираше колку ќе трае периодот на рехабилитација. Инаку црните прогнози одеа до таму што имаше информации дека ќе го пропушти Мундијалот.

Се вчитува...