Младиот македонски стратег Мартин Алаѓозовски ќе ја води струмична АП Брера во продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, по оставката на Панче Стојанов од позицијата шеф на стручниот штаб.
Алаѓазовски доаѓа од клупските структури, како прв тренер на младинските категории на АП Брера, а сега добива исклучително одговорна задача сезонава во битката за опстанок за струмичани во прволигашкото друштво.
Се очекува Алаѓозовски утре да ја предводи Брера од клупата на дуелот против Шкупи во 5. коло од ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

