Алаѓозовски: Мисијата е тешка, но не и невозможна

Фудбалерите на АП Брера се подготвени за големиот предизвик, денешното гостување кај лидерот на табелата, Струга Трим Лум.

По без малку тринеделна пауза, тимот на Мартин Алаѓозовски повторно ќе треба да се вклучи во првенствениот ритам, а пред себе го има составот кој покажа најмногу во првите девет кола од шампионатот.

„Мисијата е тешка, но не и невозможна“, порачуваат од таборот на Брера. За да забележи позитивен резултат крај езерото, на дуелот против стружани, ќе мора многу работи во тимот на АП Брера да функционираат беспрекорно. Свесен е за тоа и младиот стратег Мартин Алаѓозовски, но и сите негови избраници.

Денешниот меч од десеттото коло меѓу Струга Трим Лум и АП Брера е закажан во 14:30 часот.

Се вчитува...