Репрезентативната пауза тимот на АП Брера ја искористи за комплетно ресетирање и подготовка за клучниот дел од сезоната во кој мисијата е да се обезбеди опстанок во елитата. По двата порази во последните две кола, избраниците на Мартин Алаѓозовски се надеваат дека сега доаѓа период на многу подобри игри и резултати.
Денешниот меч е многу важен, затоа што во Струмица гостува Арсими, еден од директните ривали во трката за директен опстанок во Првата лига.
„Работевме напорно во текот на репрезентативната пауза и се надеваме дека тоа ќе даде резултат на натпреварите што претстојат. Нe очекува важен натпревар против Арсими, а ние се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе успееме да ги освоиме бодовите“, вели тренерот Мартин Алаѓозовски.
Натпреварот меѓу АП Брера и Арсими е закажан за 15:30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

