Алардајс има само една пречка за да стане селектор на САД – неговата сопруга!

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, а по ова селекторот Брус Арена ја напушти функцијата. Сега федерацијата е во потрага по негов наследник, а едно од можните имиња кои се споменуваа е и Сем Алардајс, стратегот кој беше селектор на Англија, но брзо беше приморан да го напушти кормилото.

62-годишниот Алардајс вели дека единствен проблем за тој да замине во САД може да биде неговата сопруга.

„Ако воопшто правам некои планови за мојата иднина, тоа е за да бидам селектор на некоја фудбалска репрезентација. САД? Тоа е голем предизвик. Но, се плашам дека има една голема пречка. Ќе треба да одам да ја замолам мојата сопруга Лин да ме пушти да одлетам толку далеку. Сепак, и тоа е помал притисок од обврската да се биде менаџер во Премиер – лигата“, изјави Сем Алардајс.

Покрај Алардајс, како најсериозен кандидат за нов селектор на САД се споменува Лорен Блан.

 

Се вчитува...