Поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс, ги предупреди челниците на Манчестер Јунајтед дека скапо би можеле да ја платат одлуката за искажување доверба во работата на Оле Гунар Солскјер. „Ѓаволите“ го имаат најлошиот старт во клупската историја во последните 30 години, се наоѓаат на само два бода од зоната за испаѓање, а Алардајс смета дека доколку наскоро работите не се сменат на подобро, Јунајтед би можел наместо за излез во Европа да се бори за опстанок.
Искусниот стратег се потсетува дека такво нешто веќе му се има случено на Манчестер Јунајтед во 1974 година, само шест години по освојувањето на титулата европски првак.
„Да не заборавиме, Манчестер Јунајтед и во 1974 година имаше одлична екипа на хартија, но на крајот испадна. Оваа ситуација не е толку невозможна, овој тим игра со ниска самодоверба, а ако им се случи нов пад може да се соочат со проблем од кој тешко ќе се опорават. Проблеми има многу, Погба сака да си замине и не му дозволуваат. Солскјер е пред тежок предизвик, знам дека велат дека му е потребно време, но не можете да го продадете најдобриот стрелец и да не му донесете адекватна замена. Ако тој остане и не најде решение за проблемите, сериозен е ризикот Јунајтед да испадне од лигата“ – предупредува Сем Алардајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА